Поранешниот германски канцелар Шредер хоспитализиран поради исцрпеност, не може да сведочи за „Северен тек 2“
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е хоспитализиран поради „тешка исцрпеност“ (burnout), јави ДПА. Според писмото од неговиот лекар, Шредер страда од синдром на сериозна исцрпеност со типични симптоми на длабока замореност и сериозен недостиг на енергија. Осумдесетгодишниот политичар има проблеми со концентрацијата и меморијата, страда од нарушувања на сонот и намалена емоционална отпорност, се наведува …