Шредер не се откажува од Путин: Според него Украина е виновна за неуспехот на преговорите

Шредер и Путин/ Фото EPA/SERGEI ILNITSKY

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер изјави дека сака да остане во контакт со рускиот претседател Владимир Путин, и покрај тоа што Москва не се откажува од војната со Украина.

„Не сакам да се откажам од можноста да разговарам со претседателот Путин“, изјави Шредер за неделното издание на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Шредер беше германски канцелар од 1998 до 2005 година, а по заминувањето од функцијата се поврза со руските енергетски гиганти Гаспром и Роснефт. Тој и Путин се пријатели долги години.

Откако избувна војната, Шредер често беше мета на критики бидејќи сè уште е во контакт со Путин и не ја осуди улогата на Русија во конфликтот.

Тој неодамна се повлече од функцијата во надзорниот одбор на руската енергетска компанија Роснефт и ја отфрли кандидатурата да биде во одборот на директори на Газпром, пренесува Јутарњи лист.

Само дипломатско решение“

„Војната може да заврши само преку дипломатски преговори. Судбината на војниците и цивилното население на Украина може да се олесни само преку дипломатско решение“, додаде тој.

Во март, веднаш по почетокот на агресијата на 24 февруари, Шредер отпатува за Москва и се сретна со Путин.

„Колку што разбрав во текот на нашиот разговор, тој е заинтересиран проблемот да се реши преку преговори“, изјави Шредер за германскиот весник.

„Како изгледа тоа решение може да се разјасни само преку преговори“, додаде тој.

Според мислењето на Шредер, јасно е дека Украина е виновна за тоа што претходните преговори пропаднаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот