Прекин на сообраќајот на патот Струга – Дебар кај клучката Вевчани
Сообраќајот на регионалниот пат Струга – Дебар кај клучката Вевчани, од 12:45 часот е во прекин поради јавен собир. Сообраќајот е блокиран во двата правци, информираат од АМСМ. На јавниот собир присутни се околу 250 граѓани, во организација на „Натура Лабуништа” Причина за собирот е протест против работата на каменоломите.