• промет

Кумановка вработена во спортска обложувалница украла 32 илјади денари од прометот

СВР Куманово поднесе кривична пријава против триесет и седумгодишната М.П. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување. МВР денеска соопшти дека на 13 октомври 2024, додека била на работното место во спортска обложувалница во Куманово, пријавената од дневниот пазар одзела 32.200 денари.