Рускиот писател Прилепин е ранет во експлозија

Рускиот писател Захар Прилепин е ранет во експлозија на автомобил во градот Нижни Новгород, соопштија руските служби за итни случаи. Според првичните информации, под автомобилот на Прилепин била поставена експлозивна направа, пренесува Тасс. Прилепин е потпретседател на партијата „Праведна Русија – за вистината“.