Прекин на сообраќајот на магистралниот пат А3 кај Брана Калиманци поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода во близина на Брана Калиманци, во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А3, на делницата Кочани – Македонска Каменица – Делчево. Иако во незгодата нема повредени лица, прекинот на сообраќајот, според информации на МИА, ќе трае околу два часа. Сообраќајот е пренасочен по алтернативен правец преку селото Бигла.