По 13 години брак, Саша Барон Коен и Исла Фишер официјално се разведоа: Остануваме пријатели
Актерот Саша Барон Коен, кој се прослави со улогата на Борат, и неговата сопруга Исла Фишер синоќа на своите Инстаграм профили објавија дека се развеле, пренесува „Пипл“. – Нашиот развод сега е завршен. Горди сме на сè што постигнавме заедно и, со меѓусебно почитување, остануваме пријатели и посветени на заедничкото воспитување на нашите прекрасни деца. …