ФОТО | Хали Бери по љубовните бродоломи, го изговори судбоносното „да“: Официјално сум мажена!

Хали Бери
Венчавка Хали Бери/Instagram

Холивудската глумица и музичарот кој доби „Греми“ награда, се венчаа далеку од очите на јавноста, а среќната вест за венчаваката едвај чекаа да ја споделат на социјалните мрежи.

Хали Бери, убавицата на Холивуд и американскиот пејач и текстописец Ван Хант, во текот на новогодишните празници „побегнаа“ од медиумското лудило и го споделија својот најинтимен миг на Инстаграм мрежата.

На фотографијата парот стои во капелата за венчавки, а Хали во описот напиша:

„Па, веќе е и официјално“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Фотографијата доби преку 30.000 лајкови, а коментарите со честитките не изостанаа. Парот во почетокот на август 2020 почна да се забавува, но Хали беше мистериозна околу името на момчето. Идентитетот на „непознатиот“ партнер беше обелодинет кога таа сподели фотографија на својот инстаграм-профил каде носи маичка со натпис од неговото име.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

„Сега знаете“, напиша Хали Бери и го откри мистериозното момче, сега сопруг.

Па, нека им е со среќа!

Видео на денот