Работнички Скопје славеше во „мајсторката“ со Наковски Волеј и ќе ја брани шампионската титула
Одбојкарките на Работнички Скопје ќе ја бранат шампионската титула во Првата македонска женска лига. Пласманот во финалето девојките на Душко Деспотовски го потврдија откако во „мајсторката“ од полуфиналето на плеј-офот со 3:0 (25:17, 25:23, 25:23) го совладаа тимот на Наковски Волеј. Со вкупен резултат 2:1 во победи скопскиот тим ќе атакува на нова шампионска круна. …