ВИДЕО | Пожар во Карпош, горат магацините на поранешната фабрика „Макотекс“

Попладнево избувна пожар во скопската населба Карпош. Според информации на Телевизија Канал 5, очевидци изјавиле дека горат магацини на поранешната фабрика „Макотекс“. Во гаснењето на пожарот покрај противпожарната бригада, ангажиран е и ер трактор. Засега нема информации за повредени лица или за причината на пожарот.