Постави светски рекорд! Донирала 2.645 литри мајчино млеко за да помогне на над 350.000 предвремено родени бебиња
Алисе Оглетри, 36-годишната мајка од Тексас постави нов светски рекорд за најголема количина мајчино млеко донирана од поединец, објави Гинисовата книга на рекорди. Оваа мајка на три деца донирала неверојатни 2.645,58 литри мајчино млеко до јули 2023 година, соборувајќи го сопствениот рекорд од 2014 година. Тогаш, кога првпат го постави светскиот рекорд, донираше 1.569,76 литри. …