Изложба на Љупка Делева во Чифте амам ја открива универзалната состојба на современиот мигрантски субјект
Националната галерија на Република Северна Македонија, од 18 септември 2025 година, четврток, во 20 часот, до 9 октомври, во објектот Чифте амам ќе ја претстави авторката Љупка Делева. По повеќедецениското живеење и творење во Венеција, македонската авторка Љупка Делева го презентира својот најнов проект „Трансформации – Flusso – Flux: 1998–2025“, кој има ретроспективен и критички …