• кампус

ФОТОГАЛЕРИЈА | Студентите на кампусот на техничките факултети им оддаваат почит на жртвите во пожарот во Кочани

Стотици студенти се собраа денеска на кампусот на техничките факултети од каде искажаа сочувство кон жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Присутните на кампусот оставаат цвеќиња и палат свеќи за покој на загинатите. Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ според досегашните официјални информации загинаа 59 лица а над 150 се повредени.