Скопскиот џез-фестивал со традиционалното џез-матине ќе ги промовира календарите за 2025 година
Традиционалното џез-матине на Скопскиот џез-фестивал со промоција на календарите за 2025 година ќе се одржи на 18 јануари (сабота), со почеток во 13 часот, во скопското кафуле „Макка Бар“. Календарите се подготвени со фотографии од минатогодишното издание на џез-фестивалот на македонската фотографка Татјана Ранташа. Промоцијата на календарите ќе биде проследена со концертен настап на триото …