Ревизорите со бројни забелешки: Склучени договори за јавно приватно партнерство на 96 години, а законскиот рок е до 35
Единствен понудувач на тендер или отсуство на конкуренција, склучување договор на 96 години иако законскиот лимит е најмногу 35 години, се дел од забелешките на Ревизорите, кои извршија увид на договорите за јавно приватно партнерство. Ревизијата, спроведена за периодот од 2017 до 2024 година, покажа дека слабостите во законската рамка, институционалниот капацитет, постапките за доделување …