Палевски побара изземање на тројца обвинители, ги обвини за пристрасност и злоупотреба на своите овластувања
Првообвинетиот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо денеска побара изземање на тројцата обвинители од судскиот процес, обвинувајќи ги за пристрасност и злоупотреба на своите овластувања. Во изјава пред судот, Палевски конкретно побара изземање на обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовски и Ана Стојковиќ Димитриевска, како и обвинителот Гаврил Бубевски. …