• депонија вардариште

Гори депонијата Вардариште

Во земјава попладнево активен е еден пожар на отворен простор – гори депонијата Вардариште во Општината Гази Баба. Ова го соопшти попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 18:00 часот. Претходно, дождот кој ги зафати повеќето македонски региони ги изгасна сите пожари кои гореа на отворено низ државата.