ВИДЕО | Кошмарна финансиска приказна: Никогаш не зела брз кредит, а се разбудила како должник на 35 илјади евра!
Жена од Македонија чиј идентитет ѝ е познат на редакцијата на „Слободен печат“ преживува хорор откако некој во нејзино име со злоупотреба на личната карта подигнал брзи кредити но и кредити од реномирани банки во севкупен износ од 35 илјади евра. Ова за „Слободен печат“ го потврдува нејзиниот адвокат Асмир Алиспахиќ кој ја застапува жртвата …