• атракција

ФОТОВЕСТ | Туристи го јавнаа скопскиот бик

Бронзениот бик на улица „Македонија“ е вистински хит меѓу туристите. На фотографијата која ја направи нашиот фоторепортер Драган Митрески може да се забележи како група млади посетители уживаат во жешкиот августовски ден, редејќи се за фотографија, а дел од нив го јавнаа скопскиот бик.