ФОТО | Чија е! Мистериозната „Ланчија“ веќе 47 години е паркирана на истото место

Мистериозниот автомобил кој 47 години е паркиран на една италијанска улица стана туристичка атракција, пишува „Мирор“.

Старата „Ланчија“ сега ќе биде отстранета, реставрирана и претворена во споменик бидејќи стана дел од знаменитостите на градот.

Анџело Фреголент (94) ја паркирал својата „Ланчија фалвија“ во 1962 пред киоскот што го водел со неговата сопруга Бертила Модоло во Конељано во 1974 година.

Анџело изјавил за „Ил Газетино“: „Го водев киоскот под куќата 40 години заедно со мојата сопруга Бертила, 10 години помлада од мене.“

„Кога го отворив бизнисот, бев среќен што пред него беше паркирана „Ланчија фалвија“ затоа што ги истоварив весниците во багажникот и потоа ги внесов внатре.

Кога парот се пензионирал, го оставиле автомобилот и оттогаш тој станал дел од градската естетика.

Туристите и жителите почнале да прават селфи со стариот автомобил и тој станал обележје бидејќи фотографиите на социјалните мрежи станале вирални.

Градските власти сега одлучиле да го преместат автомобилот по речиси пет децении.

Отстранет е на 20 октомври и пренесен на саемот за автомобили „Auto e Moto d’Epoca“ во Падова каде што бил изложен заедно со десетици други безвременски класични автомобили.
Потоа бил испратен во работилница за внимателно да се реставрира и да се поправи штетата од седењето надвор во текот на 47 години.

Откако ќе биде целосно обновен, ќе биде поставен пред локалното училиште веднаш до куќата на Анџело и Бертила, што значи дека тие ќе можат да му се восхитуваат на својот стар автомобил од својот прозорец додека туристите поминуваат покрај нив за да направат селфи.

Лука Заја, 42-годишен жител, изјавил за „Ил Газетино“: „Автомобилот е паркиран таму откако одев на училиште“.

„Фалвија“ ја дизајнирал Пјеро Кастањеро и станала позната во светот на мотоспортот откако успешно се натпреварувала на Меѓународниот рели шампионат во 1972 година.

No description available.

Фото: Принтскрин/GoogleMaps

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот