
„Блумберг“: Таен состанок во Москва – европски дипломати му се заканиле на Кремљ со воена сила
За време на состанок зад затворени врати во Москва, европските дипломати го предупредиле Кремљ дека НАТО е подготвен да употреби сила, вклучително и уништување на руски авиони, доколку има понатамошни нарушувања на воздушниот простор на Алијансата, објави Блумберг, повикувајќи се на свои извори.
Препорачано
Напнатите разговори, на кои присуствувале амбасадорите на Велика Британија, Франција и Германија, се одржале по инцидентот во кој Естонија ги обвини руските борбени авиони МиГ-31 за нарушување на нејзиниот воздушен простор. Според дипломатски извори, руската страна во дискусијата нагласила дека веќе се смета себеси за вклучена во конфликт со европските земји, додавајќи дека таквите дејствија ги гледа како одговор на украинските напади врз Крим, за кои Москва тврди дека не би биле можни без поддршката на НАТО.
Како одговор на предупредувањето, рускиот амбасадор во Франција, Алексеј Мешков, рекол дека евентуалното соборување на руски авион од страна на НАТО би било директен изговор за војна.
За тензиите придонесува и поделбата во самата алијанса. Додека американскиот претседател Доналд Трамп и некои источноевропски лидери повикуваат на решителна акција против Москва, Германија и Италија заземаат повнимателен пристап, плашејќи се од неконтролирана ескалација и поширока војна.
Од друга страна, руското Министерство за одбрана претходно ги отфрли естонските обвинувања, нагласувајќи дека руските авиони летале на планирана мисија во неутрални балтички води, без да го нарушат воздушниот простор на која било држава.
Остатоци од руски дрон пронајдени уште во една земја членка на НАТО