Мендух Тачи / Фото: Скриншот/ТВ 21

Тачи: Уште еднаш нека отворат ДУИ уста за мене, па ќе кажам како го молеле Мицкоски да влезат во Владата

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, синоќа во гостување на ТВ21 изјави дека жали што се приклучил на Европскиот фронт и го обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека не го исполнил дадениот збор.

Тој посочи дека влегол во Европскиот фронт бидејќи сакал да биде конзистентен.

– Зашто јас сум таков, кога ќе се договорам, останувам до крај на договорот. И мислам дека мажите и жените, кои не остануваат до крај на договорот, се нечесни – рече Тачи.

Прашан кој не си го одржал зборот, Тачи го впери прстот кон Ахмети.

– Првиот, господинот Ахмети. Затоа што ние во принцип се договоривме да создадеме Фронт – рече лидерот на ДПА.

Тачи смета дека Ахмети ќе доживее катастрофа на следните избори.

– Моето почитување кон сегашниот премиер доаѓа од многу други работи, бидејќи тој е лидер на партија, тој убедливо ги доби изборите и немам ништо против него. Но, моето почитување доаѓа и од друга причина, што (Мицкоски) не го измами Алиу како што го измами Груевски. Бидејќи Алиу посегна по Никола Груевски, а Груевски ја забоде ДПА, заедно со Али Ахмети – рече Тачи.

Тој се закани дека ако уште еднаш биде прозван, ќе каже како ДУИ го молела Мицкоски за да влезе во Владата.

– Вечерва ќе одам до тука. Ако отворат уста за уште еден збор на следниот јавен настап, ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски. Кој, со имиња и презимиња, бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија колку се поклониле, како се согласиле да влезат дури и без претседател на Парламентот – рече Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот