Хашим Тачи

Тачи најави оставка ако се покрене обвинение од Хашкиот суд за злосторставата на Косово

 Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека во моментот кога Специјализираните комори за Косово, односно Меѓународниот суд за воени злосоторства во Косово, ќе го потврдат обвинението против него, веднаш ќе поднесе оставка од функцијатајави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Тачи изјави дека, иако медиумите тврдат дека, како еден од основачите и водачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), е меѓу осомничените за убиството на над 100 цивили Албанци, Срби и други во текот и непосредно по војната во Косово во 1998-99 година, тој од обвинителите на суд во Хаг воопшто не бил прашан за ниту едно убиство.

Тој нагласи дека при неговото испитување не била спомната ниту наводната трговија со човечки органи и „жолтата куќа” во близина на Кукеш во Албанија, за што во извештајот од декември 2010 година пишува специјалниот претставник на Советот на Европа за Косово, Дик Марти, а што беше повод за основањето на Трибуналот во Хаг.

– Во ниеден момент не сум прашан за трговија со човечки органи, иако тоа беше основата за формирање на Специјалниот суд. Не сум прашан за никаква жолта куќа, ниту пак за било какво убиство, изјави Тачи.

Тој нагласи дека нема намера повторно да се кандидира за претседател на Косово откако во мај идната година ќе му истече актуелниот петгодишен мандат.

Тачи не ја коментира најавата на поранешниот премиер, лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај дека ќе се кандидира за претседател на државата и рече дека за него е прифатлив секој кој што ќе биде изгласан од Собранието.

На Косово уапсен поранешен командант на ОВК, префрлен во притвор во Хаг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот