СЗО/ фото: МИА

СЗО официјално соопшти: Нема врска помеѓу аутизмот и употребата на парацетамол во бременоста

Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека во моментов нема дефинитивни научни докази што би потврдиле можна врска помеѓу аутизмот и употребата на парацетамол за време на бременоста.

Соопштението на СЗО следува по изјавата на портпаролот на Организацијата, Тарик Јашаревиќ, за време на прес-конференцијата во Женева вчера.

„Доказите не сугерираат врска помеѓу употребата на парацетамол за време на бременоста и аутизмот, а вредноста на вакцините што спасуваат живот не треба да се доведува во прашање“, рече тој вчера.

„Знаеме дека вакцините не предизвикуваат аутизам. Вакцините, како што реков, спасуваат безброј животи. Ова е нешто што науката го докажала и овие прашања не треба да се доведуваат во прашање“, додаде тој.

Доналд Трамп го поврза аутизмот со употребата на популарниот американски лек против болки тиленол за време на бременоста. Врската е направена произволно и не се базира на научни податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот