Српска полиција/ Фото: Профимедиа

Свирепо убиство го потресе регионот, Србинка со љубовникот го масакрираше сопругот, три деца останаа без татко

За убиството на Љубомир Трниќ (45) осомничени се Венес Л. (42) и неговата љубовница Николина К. (26). Според неофицијални информации, тие во алкохолизирана состојба го мачеле и убиле Трниќ со нож во станот на Венес во Сремска Митровица.

Љубовниците потоа го завиткале телото во тепих и го оставиле во багажник во автомобил „голф 5“ во населбата Камењар, во близина на зградата на Николина. Мотивот за крвавото злосторство не е познат, а полицијата ја уапси Николина во саботата.

Соседот на Николина рече дека телото на Љубомир е откриено дури во петокот вечерта, околу 18 часот.

– Тргнав да фрлам ѓубре во контејнер, кога видов ужасна глетка на паркингот. Како во гангстерските филмови… Од стариот сив „Голф 5“, кој често беше паркиран таму, наѕираше долг тепих од кој капеше крв. Крв имаше секаде под автомобилот, вели шокирана жена, која веднаш повикала полиција.

Убиениот Љубомир , инаку, и неговата сопруга Јована имаат три деца на возраст од 10, 5 и 1 и пол година. Живеел со семејството во митровичката населба Јалија, а Јована го пријавила исчезнувањето во четвртокот вечерта.

– Тој излезе од дома со велосипед во четвртокот попладне. Слушнав од очевидци дека последен пат бил виден како пие со пријателите пред блиската продавница. Таму, како што дознав бил и Венес, која подоцна го поканил во неговиот стан. Што се случило потоа, не знам… не разбирам како можеа на тој начин да го измачуваат и убијат мојот Љубиша, кому му згрешил нешто?! Беше добра човек, не газеше мравка – рече плачејќи неговата сопруга.

Полицијата соопшти дека Николина К. била пронајдена и приведена во саботата навечер, додека Венес се уште е во бегство. Тој е добро познат на полицијата и има дебело досие.

– Неколку пати беше осудуван, а неодамна излезе од затвор за убиство. Тоа е опасна личност, со социопатско нарушување на личноста. Се занимавал со се, продажба на дрога, проституција, а има информации дека ја изневерил сегашната девојка Николина К. И двајцата се зависници од хероин – соопшти полицијата.

Несреќниот Трниќ беше погребан вчера на Централните гробишта во Сремска Митровица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот