Светски економски форум: Во следните пет години во аграрот ќе има најмногу вработувања

До крајот на деценијата ширум светот ќе бидат отворени околу 170 милиони нови работни места, но 92 милиони ќе исчезнат, па нето-вработеноста ќе се зголеми за 78 милиони, се вели во извештајот на Светскиот економски форум објавен вчера, пишува Н1. Технолошките промени, геополитичката фрагментација, економската несигурност, демографските промени и зелената транзиција, поединечно или во комбинација, ќе бидат меѓу главните фактори кои ќе го обликуваат или трансформираат глобалниот пазар на труд до 2030 година, се наведува во извештајот.

Извештајот Иднината на работните места 2025, покажа дека побарувачката поттикната од технолошкиот напредок како што е вештачката интелигенција рапидно расте, но во проценти. Сепак, гледајќи ги апсолутните бројки, Форумот, комбинирајќи ги сопствените и податоците на Меѓународната организација на трудот, дошол до заклучок дека најголемиот нето раст на вработеноста во периодот 2025-2030 година ќе биде забележан во област клучна за многу економии – земјоделството.

До крајот на деценијата, трендот на зелена транзиција, вклучително и напорите за намалување на емисиите на јаглерод и прилагодување на климатската криза, ќе придонесе за раст на работните места во земјоделството за 34 милиони. Во таа гранка сега работат 200 милиони луѓе. Истражувањето е објавено пред традиционалниот годишен состанок на Форумот во Давос, кој ќе се одржи од 20 до 24 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот