
Светска шампиoнка во ритмичка гимнастика се обидела да се самоубие
Александра Солдатова си ги пресекла вените на левата рака.
Четирикратната светска шампионка во ритмичка гимнастика, Александра Солдатова е хоспитализирана во болница во Москва откако се обидела да се самоубие.
Препорачано
– На 5. февруари во болница е примена 21-годишната А. Солдатова со тешки телесни повреди за кои е утврдено дека имаат врска со обид за самоубиство. Исто така е дијагностицирано дека девојката боледува од булијама. Во овој момент пациентката не е до крај испрашана и не е познато под кои околности се здобиени повредите – стои во соопштението на полицијата во Москва.
Одредени руски медиуми наведуваат дека Солдатова ги исекла вените на левата рака, но откако сфатила што направила сама побарала помош од лекарите. Солдатова тврди дека таа се исекла случајно.
– Пред заминување на тренинг, правев доручек и случајно се исеков. Јас сум гимнастичарка и сум неискусна во кујната – изјавија Анастасија Солдатова.