Бакар / Фото: Needpix.com

Светот добива нов крал на бакарот

Спојувањето на британската компанија „Ангол Американ“ и канадската „Тек Ресоурсис“ создаде еден од најголемите производители на бакар во светот, со работно име Ангол Тек.
Ова е најголемата аквизиција во рударската индустрија во последните десет години, а вредноста на новооснованата компанија се проценува на повеќе од 53 милијарди долари- шренесе Каматица.

Во новата компанија, „Ангол Американ“ добива удел од 62,4 проценти, додека „Тек Ресоурсис“ задржува 37,6 проценти. Седиштето на компанијата ќе биде во Канада, а примарната котација ќе биде во Лондон, со секундарни котирања во Јоханесбург, Ванкувер и Њујорк.

Спојувањето е одговор на растечката глобална побарувачка за бакар, поттикната од развојот на обновливи извори на енергија, електрични возила и вештачка интелигенција. Се очекува да се генерираат годишни заштеди од 800 милиони долари во текот на следните четири години.

Одобрувањето од страна на регулаторите сè уште е во тек, а процесот би можел да трае од 12 до 18 месеци. Посебно внимание е насочено кон регулаторите во Канада поради новите правила за странски инвестиции во стратешки минерали. Сепак, некои институции го нарекуваат спојувањето „единствено“ и силно го поддржуваат.

Новиот „Англо Тек“ ќе биде меѓу петте најголеми производители на бакар во светот во однос на комбинираните капацитети и ресурси, како што потврди Максимо Пачеко, претседател на чилеанскиот „Коделк“. Овој потег не е само стратешка деловна одлука, туку и индикатор за идните трендови во трговијата и индустријата, во ерата на транзиција кон зелена и дигитална економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот