фото: EPA/TOMS KALNINS

Светислав Пешиќ има договор до 30 септември: Ќе се анализира резултатот од Евробаскет

Во текот на денешниот ден се појавија информации дека Светислав Пешиќ веќе не е селектор на најдобрата српска кошаркарска репрезентација. Истите веднаш беа демантирани од кошаркарската федерација на Србија, а нешто подоцна излегоа и со соопштение за статусот на Пешиќ.

Потсетување, Србија, која беше една од фаворитите за златниот медал на Евробаскет, беше елиминирана во осминафиналниот натпревар против Финска.

Од федерацијата велат дека Пешиќ има договор до 30 септември 2025 година, а во меѓувреме ќе се анализира резултатот од ЕП по што ќе се донесе одлука во интерес на српската кошарка, односно дали и натаму Пешиќ ќе ги води најдобрите српски кошаркари.

– Кошаркарската федерација на Србија ја информира јавноста дека информациите што се појавија во некои медиуми во врска со разрешувањето на Светислав Пешиќ од функцијата главен селектор на српската машка сениорска репрезентација се неточни. Светислав Пешиќ има договор со Српската кошаркарска федерација до 30 септември 2025 година. Раководството на Српската кошаркарска федерација ќе разговара со главниот селектор во наредните денови, ќе ги анализира резултатите од Европското првенство и ќе донесе одлука што е во интерес на српската кошарка и нашата репрезентација.

Фото: FIBA

Српската кошаркарска федерација стои зад главниот селектор Пешиќ, кој ги донесе последните два златни медали на нашата репрезентација, ја предводеше Србија до медали во претходните две натпреварувања и го врати култот кон репрезентацијата и вербата кај навивачите. Кошаркарската федерација на Србија апелира до сите медиуми да ги проверат информациите во врска со работата на Федерацијата и репрезентацијата со официјални извори пред објавување, со цел да се избегнат дезинформации што можат да ѝ наштетат на српската кошарка. Кошаркарската федерација на Србија ќе продолжи да ја информира јавноста навремено и транспарентно за сите релевантни одлуки и активности – стои во соопштението на федерацијата.

Се шпекулираат двајца кандидати кои би можеле да го наследат Пешиќ на клупата, тие се Душан Алимпијевиќ и Александар Саша Ѓорѓевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот