Свети Стефан / Фото: Unsplash

Свети Стефан е затворен веќе три лета, можен ли е пресврт годинава?

Доколку во рок од еден месец не се отвори ексклузивното одморалиште Свети Стефан, Владата на Црна Гора ќе го раскине договорот со закупецот, компанијата „Адриатик пропертис“, која е во сопственост на Петрос Статис, дознава Подгорица вијести.

Имено, Владата на Црна Гора деновиве одлучи под ознаката „интерна“ да испрати известување до „Aдриатик пропертис“ за одредување рок за исполнување на обврските од договорот за закуп за хотелите „Свети Стефан“, „Милочер“ и „Краљичина плажа“. Популарното одморалиште е затворено од летото 2021 година бидејќи државата и закупецот не се договориле за начинот на кој ќе функционира „Краљичина плажа“ и патеката меѓу таа плажа и бањата во Милочерскиот парк. Фирмата во сопственост на Петрос Статис има рок од еден месец да ги отвори хотелот „Свети Стефан“ и вилата „Милочер“ кои се затворени веќе четврто лето и да плати долг од околу два милиони евра. Доколку не го стори тоа, Владата во Подгорица ќе ги раскине договорите за закуп.

Ова за „Вијести“ неофицијално го потврдија од Владата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот