Коста Кецмановиќ на 3 мај 2023 година во училиштето Владислав Рибникар на Врачар застрела девет ученици и еден чувар/Фото колаж: Слободен печат

Сведочењето на Коста ги зголемува шансите да бидат осудени родителите, вели српски адвокат

Српскиот адвокат Стефан Чорда денеска изјави дека сведочењето на малолетникот Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај лани уби деветмина соученици и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, е важно за прашањето околу осудителната пресуда за неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ и други лица на кои им се суди во оваа постапка.

Тој за агенцијата „Танјуг“ изјавил дека од сведочењето на момчето се слушнале причините зошто го извршил масовното убиство и додаде дека тие причини директно ги зголемуваат шансите за осудителна пресуда.

Чорда истакнал дека тој лично е поддржувач на идејата судењето на Кечмановиќ да биде отворено за јавноста поради работите во случајот, како што се фотографиите и видеоснимките, кои според него се вознемирувачки и за професионалците, а камоли за обичните граѓани.

Обвинението на 270 страници го товари таткото на 13-годишното момче за тешки дела против општата безбедност, односно дека го носел синот на стрелиште и го обучувал да ракува со огнено оружје, како и дека не ги обезбедил соодветно своите два пиштола со кои момчето ги извршило злосторствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот