Сузан Сарандон / Фото: EPA

Сузан Сарандон непожелна во Холивуд: „Не добивам улоги поради изјавите за Палестина“

Американската актерка Сузан Сарандон (78) во неодамнешното интервју за „Тајмс“ откри дека била отпуштена од нејзината агенција. Таа веќе не може да глуми во големи филмови, а актерката навести дека главната причина за отказот била нејзината изјава за конфликтот меѓу Израел и Палестина.

Минатиот ноември, Сарандон учествуваше на протест во Њујорк, каде што изјави дека „Евреите сега знаат како е да се биде муслиман“. Не долго потоа, Обединетата агенција за таленти, предводена од Џереми Цимер, ја отпушти Сарандон и покрај нејзиното извинување за изјавата.

Фото: Erik Pendzich / Alamy / Alamy / Profimedia

Актерката ги нарече нејзините зборови – „огромна грешка“.

„Бев отпуштена од мојата агенција, моите проекти беа повлечени. Ме користеа како пример за тоа што не треба да се направи ако сакаш да продолжиш да работиш“, изјави Сарандон.

„Толку многу луѓе останаа без работа од ноември минатата година. Ги загубија своите работни места како кустоси, писатели, сликари, работници во кафетериите, заменски наставници… Тие беа отпуштени само поради тоа што напишаа свој став на социјалните мрежи, односно повикаа на прекинување на војната“, додаде таа.

На прашањето за потенцијалните нови улоги, таа истакна дека веројатно нема да биде вклучена во нови проекти во Холивуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот