
Сузан Бојл го прослави својот 60 роденден: Милионерка која продолжи да живее скромно
Сузан Бојл, британска домаќинка, која стана ѕвезда преку ноќ, го прослави својот 60-ти роденден изминатата недела.
Препорачано
Шкотската пејачка, која се појави во шоуто „Britain’s Got Talent“ во 2009 година и го изненади целиот свет со своите вештини за пеење, во меѓувреме стана позната и богата, а со 60 години изгледа подобро отколку кога ја запознавме.
View this post on Instagram
Во текот на изминатите 12 години, таа заработи 22 милиони фунти, беше номинирана за Греми и пееше пред британската кралицата, но продолжи да живее скромно, во нејзината скромна семејна куќа.
Светот сè уште ја гледа снимката на Сузан Бојл како незабележителна домаќинка која на аудицијата ја исмејуваа сите во салата, сè додека таа не започнува да пее.
View this post on Instagram
Во моментот кога ја отпеала песната „I dreamed a dream“, Сузан стана светска ѕвезда, но доживеа нервен слом откако го освои второто место во финалето.
Сепак, патеките и се отворија и таа стана симбол на остварување на сонот за многумина.
Едниот беше дует со легендарната Елејн Пејџ, за која Сузан рече дека е нејзин идол за време на нејзиното прво појавување на „Britain’s Got Talent“.