
Суви смокви во маслиново масло – рецепт за плодност и мелем за желудникот
Речиси во иста мера како и свежите, сувите смокви се многу хранливи и богати со витамините од групата Б, како и со витамините А, Ц и К (само не претерувајте во количината).
Препорачано
Полни се со железо, а во комбинација со маслиново масло се добро превентивно и помошно средство за голем број болести.
Сувите смокви во маслиново масло се одлични за плодност и се препорачуваат за парови кои имаат тешкотии за зачнување, како и за оние кои планираат да имаат потомство.
– Тие служат како помошно средство за двајцата партнери, а кај мажите добро влијаат на потенцијата и плодноста. Добри се и за жените во менопауза – порачува на Инстаграм нутриционистката Верица Тодоровиќ.
Покрај тоа, се смета дека оваа комбинација може да помагне во регулирањето на нивото на ФСХ (фоликуло-стимулирачки хормон), чие ниво често е пониско поради стресот. Се препорачува да се зема една смоква наутро на празен стомак.
– Сувите смокви во маслиново масло се мелем за желудникот, се користат за отстранување на разни бактерии, чирови, може да се користат како помошно средство против хемороиди, запек, анемија (слабокрвност), болести на цревата, бронхитис… Оваа смеса често се нарекува универзална помош – додава Тодоровиќ.
Рецепт за суви смокви во маслиново масло
Потребни се 40 суви смокви (исечете ги на средина), кои треба да ги натопите во литар ладно цедено нерафинирано маслиново масло, кое сте го сипале во стаклена тегла. Ставете го во фрижидер да отстои 40 дена. По 40 дена, секој ден земајте по една (преполовена) смоква на празен стомак, најмалку 30 минути пред појадок.
Земајте половина смоква во континуитет 20 дена, два пати годишно.