Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

СУВ-возилата се втор најголем извор на раст на емисиите на јаглерод диоксид во последните 10 години

Зголемената продажба на автомобили СУВ, по енергетскиот сектор, е вториот најголем извор на глобален пораст на емисиите на јаглерод диоксид од 2010 до 2018 година, а емисијата на јаглерод од СУВ возилата е поголема од вкупната емисија на јаглерод во Велика Британија и Холандија, се вели во анализата на Меѓународната агенција за енергија. пренесува „Гардијан”.

Во тој период, СУВ возилата го удвоија својот глобален удел на пазарот од 17 отсто на 39 отсто, при што нивните годишни емисии се искачија на повеќе од 700 мегатони СО2.

Од 2010 до 2018 година, емисиите на јаглерод диоксид од енергетскиот сектор се зголемија за 1405 мегатони СО2, СУВ 544 мегатони СО2, тешката индустрија за 365 мегатони, камиони за 311 мегатони, авијацијата за 233 мегатони, бродовите за 80 мегатони, додека сите другите автомобили ги намалија нивните емисии за 75 мегатони C02.

Со зголемената продажба на СУВ возила, емисијата на автомобилски јаглерод диоксид се зголеми за четири пати за осум години.

Доколку СУВ-возачите би имале своја земја, таа држава ќе бешее седма во светот според емисиите на јаглерод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот