Фото: FIBA

Супер финале на Евробаскетот: Германија подобра од Турција за втора европска титула

Кошаркарската репрезентација на Германија е новиот европски шампион, откако вечерва во финалето на Евробаскетот што се одржа во Рига, ја совладаа Турција со 88:83 и по вторпат во историјата се искачи на европскиот врв.

Финалето мина во вистинска драма, изедначеност од првата до последната минута, но во завршницата, Германците покажаа поголема зрелост и прецизност, што на крајот им го донесе трофејот.

Турција одлично го отвори натпреварот и со фуриозен старт поведе со 13:2, но Германија брзо се консолидираше. Со серија од 7:0 и одлична одбрана, го прекина налетот на ривалот, ја врати контролата и првпат поведе со 19:16. Првата четвртина заврши со минимално водство на Германија од 24:22. Во вториот период се водеше жестока битка, со чести промени на водството и нерешен резултат. Турците, предводени од расположениот Алперен Шенѓун и енергичниот Адем Бона, ја презедоа иницијативата и на полувремето заминаа со предност од 46:40.

Во третата четвртина, иако се играше во сличен ритам, Турција во еден момент се одлепи на 61:55, благодарение на Чеди Осман и Шенѓун. Сепак, Германија не се предаде. Андреас Обст, Да Силва и Тајман вратија со важни тројки, а токму Тајман донесе нов пресврт сопоени за 65:63.

Пред последната четвртина, Турција повторно поведе со минимални 67:66. Се чинеше дека ќе ја задржи предноста, но на помалку од две минути до крај, Даниел Тајс погоди тројка за водство од 82:81, по што следуваа клучни поени на Денис Шродер. Во продолжение Шенѓун имаше обид во завршницата, но не беше прецизен. 

На крајот Германија дојде и до европската титула, откако претходно во Манила стана и светски шампиони.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот