Риши Сунак / Фото EPA-EFE/NEIL HALL

Сунак не планира да ја советува Индија за нејзината позиција за Украина

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека не е во позиција да и каже на Индија која страна да ја заземе во однос на руската војна во Украина.

-Јас не сум човек што би и кажал на Индија каква позиција да заземе за меѓународните прашања, но знам дека таа ги почитува меѓународното право, Повелбата на ОН и го почитува територијалниот интегритет“, рече Сунак во интервјуто на Сунак за индиската новинска агенција АНИ.

Досега Индија не ја обвини Москва за војната и повикува на решение преку дијалог и дипломатија. Весникот „Фајненшл тајмс“ денеска објави дека Сунак ќе го повика својот индиски колега да ја „критикува“ Русија за војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот