Од рочиштата за „Таргет-Тврдина“/Фото: МИА

Судски совет: Предметот „Таргет-Тврдина“ со Мијалков бил неоправдано чуван во фиока

Судечката петорка од Апелацискиот суд во Скопје не го оправдала чувањето на предметот „Таргет-Тврдина“ во фиока, заклучи Судскиот совет, според кој, поради тоа, предметот би можел да застари.

Меѓу осудените во случајот беше и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков кој доби 12 години затвор, меѓутоа Апелација ја укина пресудата и го врати предметот на почеток.

Апелацискиот суд во Скопје во средината на декември ја укина пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ од февруари во 2021 година, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја оцени како беспредметна.

Случајот што беше отворен за масовното нелегално прислушување, резултира со вкупна затворска казна од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Судскиот процес започна на 22 декември во 2017 година против 11 лица. Во текот на постапката се одржани 53 рочишта, на кои се сослушано 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и голем дел од над 200 оштетени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот