Судски потврди дека Енвер Беџети конечно не е судија

Судскиот совет потврди дека судијата Енвер Беџети кој беше ставен на американската црна листа, не е веќе судија и дека Врховниот суд му ја одбил жалбата која ја поднел и се жалел на првичната одлука на Советот дека го разрешува за потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за извршување на судиската функција.

Одлуката станала конечна на 24 септември, по објавувањето во Службен весник. Од Врховниот суд вечера не одговорија на прашањата на „Слободен печат“, но Судскиот совет во соопштението пишува дека највисокиот суд го потврдил нивното решение на 3 септември.

– Решението на Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Врховниот суд на Република Северна Македонија со кое е одлучено по жалбата поднесена од Енвер Беџети судија на Апелациониот суд Скопје е доставено и примено од Судскиот совет на ден 22.09.2025 година. Судскиот совет на Република Северна Македонија има законска обврска одлуката за разрешување на судија да ја објави на својата веб страна и во “Службен весник на РСМ“ по правосилно завршување на постапката. Одлуката за разрешување на судијата Енвер Беџети, Судскиот совет на Република Северна Македонија ја објави на својата веб страна и во “Службен весник на РСМ“ бр. 197/25 од 24.09.2025година – соопшти Судски совет.

„Слободен печат“ вчера објави дека одлуката за разрешување на Беџети е правосилна и дека тој не е веќе судија во Апелацискиот суд. Од објавеното решение може да се види дека Беџети кој го држеше во фиока предметот на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, ја спорел одлуката на Стејт департментот, негира дека недолично се однесувал и го нарушил угледот и дека предметот се одолговлекувал поради корона пандемијата и големиот број предмети што ги работел.

Груби и судијата Беџети на црната листа на САД, земале мито

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот