Имран Кан / Фото: ЕPA-EFE/RAHAT DAR

Судот во Пакистан ја суспендираше затворската казна на Имран Кан и неговата сопруга

Врховниот суд во Исламабад денеска ја суспендираше затворската казна на поранешниот пакистански премиер, Имран Кан, во случајот поврзан со нелегална продажба на државни подароци, објавија локалните медиуми.

Истовремено, судот ја суспендираше и казната на неговата сопруга Бушра, јавува пакистанската телевизија „Гео Њуз“.

Кан и неговата сопруга на почетокот на годината беа осудени на по 14 години затвор.

Пресудата уследи по истрагата на највисокото антикорупциско тело, Националното биро за одговорност (НАБ), и вклучуваше 10-годишна забрана за вршење јавна функција.

Поранешниот пакистански премиер и неговиот тим ги отфрлија обвиненијата, велејќи дека судењето е нефер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!