Десетте божји заповеди истакнати пред училиште/Фото: EPA/NIC BOTHMA

Судија во Тексас го блокираше законот со кој се бара поставување на Десетте божји заповеди во сите училишта

Федерален судија во средата донесе пресуда за блокирање на законот во Тексас со кој ќе се бара во сите училници да бидат  изложени Десетте божји заповеди почнувајќи од 1 септември.

Судијата Фред Бири издаде прелиминарна забрана со која го блокира законот по тужба поднесена од семејства на ученици од различни вери. Законот е неуставен, „зазема неприфатлив став за теолошки прашања и формално ги фаворизира христијанските доктрини пред другите вери“, рече Бири во својата пресуда од 55 страници.

Поставувањето на Десетте заповеди во училниците би можело да испрати „порака за исклучување“ до децата од други религии, давајќи им впечаток дека „тие се аутсајдери, а не дел од нивната училишна заедница“, рече тој.

Mара Натан која е рабин, која поднесе жалба на законот, ја поздрави одлуката на судот.

„Религиозните верувања на децата треба да ги негуваат нивните родители и нивните религиозни заедници, а не политичарите или јавните училишта“, рече тaa во соопштението.

Рејчел Ласер, претседателка на Обединетите Американци за одвојување на црквата и државата, исто така ја поздрави одлуката, која „испраќа силна порака низ целата земја дека владата мора да ја почитува верската слобода на секој ученик во јавните училишта“.

Друг федерален судија блокираше сличен закон во Луизијана, конзервативна јужна американска држава, во ноември. Се сметаше дека тој закон го крши Првиот амандман на Уставот, кој забранува воспоставување официјална религија.

Религиозната слобода и одвојувањето на црквата од државата се фундаментални принципи во САД.

Во 1980 година, Врховниот суд го прогласи за неуставен законот на Кентаки со кој се бараше поставување на Десетте заповеди во училниците во училиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот