Фото: EPA-EFE/Mike Hewitt

Судиите во Украина ќе се тестираат на полиграф

Во јавноста се добива впечаток како во фудбалот да се прави се за грешките на судиите да се сведат на минимум, а од Украина сега ни пристигнува едно необично решение.

Воведувањето на ВАР технологијата даде голем придонес во регуларноста на овој спорт на највисоко ниво, но Фудбалскиот сојуз на Украина на чело со Андреј Шевченко е спремен да оди чекор подалеку.

Имено, украинските медиуми пренесуваат дека Шевченко сака да воведе тестирање на судиите на полиграф.

Така судиите во Украина би се тестирале по еднаш или двапати месечно во текот на сезоната, а кој арбитар ќе седне на полиграфот ќе се избира по случаен избор.

„Сакаме да видиме кој судиите се, а кои не се за оваа работа“, порача Шевченко.

Претседателката на судискиот одбор на Украина, Катерина Монзул ја поддржа оваа идеја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот