
Нова студија: Јадењето на овој зеленчук може да го намали ризикот од рак на дебелото црево за 40 отсто
Кога е во прашање колоректалниот карцином (КРК) – карцином на дебелото црево и ректумот – постојано учиме повеќе за намалувањето на ризикот од новите истражувања. На пример, некои неодамнешни студии сугерираат дека исхраната богата со преработено и црвено месо го зголемува ризикот, но исхраната богата со влакна може да помогне во неговото намалување. Исто така, постојат докази дека млечните производи – вклучително и јогуртот богат со пробиотици – може да помогне во намалувањето на ризикот од колоректален карцином, но честото консумирање алкохол може да го зголеми ризикот. Јадењето повеќе билки исто така може да го намали ризикот, пишува „Да се јаде добро“ (Eating well).
Препорачано
Ракот на дебелото црево и ректумот е еден од најчестите видови рак во светот, а истражувањата покажуваат дека исхраната игра важна улога во неговата превенција.
Истражувачи од Италија анализирале исхраната на речиси 2.000 заболени и повеќе од 4.000 здрави лица, со фокус на внесот на каротеноиди – пигменти кои се присутни во овошјето и зеленчукот. Резултатите покажале јасна поврзаност: поголем внес на каротеноиди значително го намалува ризикот од рак на дебелото црево.
Најголем ефект бил забележан кај бета-каротенот, чие присуство во исхраната било поврзано со намалување на ризикот за дури 40 отсто. Заедно со бета-каротенот заштитниот ефект го покажале и алфа-каротенот, бета-криптоксантин, како и лутеинот и зеаксантинот.
Каротеноидите делуваат како антиоксиданти и помагаат во спречување на растот и ширењето на клетките на ракот. Во оваа студија најчести извори на каротеноиди биле морковот, цитрусното овошје, зелениот лиснат зеленчук, доматите и грашокот.
Истражувачите заклучуваат дека зголемувањето на внесот на храна богата со каротеноиди – како морков, сладок компир (батат), домати, спанаќ, кељ и цитруси – може да биде едноставен и ефикасен начин за намалување на ризикот од колоректален карцином. Со други зборови, колку повеќе овошје и зеленчук со интензивни бои се најде на чинијата, толку се поголеми шансите за заштита за здравјето.