Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Студентите во Србија бараат распишување на предвремени парламентарни избори

Студентите од сите универзитети во Србија бараат распуштање на Народното собрание на Србија и распишување предвремени парламентарни избори, јавува „Нова.рс“.

Во објава на Инстаграм, студентите бараат итно распуштање на српското собрание и распишување предвремени парламентарни избори согласно член 109 од Уставот на Република Србија.

Тие ги повикаа и сите граѓани да ја поддржат листата на која студентите ќе ја пренесат довербата.

„Сметаме дека демократијата е единствениот правилен начин за решавање на политичка криза од вакви размери, затоа го повикуваме народот да ја поддржи листата на која студентите во блокадата на сите високообразовни институции на територијата на Србија ќе ја пренесат својата доверба, за да надвладее вистината на вагата на правдата“, изјавија студентите.

Студентите исто така истакнаа дека се сведоци на една од пресвртните моменти во современата историја на Србија и дека тие како општествена група со најголема национална доверба преземаат одлучувачки чекор со нивното барање за распишување предвремени парламентарни избори.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот