Пелагонија - студентски дом / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Студентите во „Пелагонија“ добија топла вода

Во студентскиот дом „Пелагонија“ има доволно топла вода за потребите на студентите, иако не во секое време, изјави претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ Александар Николоски, соопштувајќи дека проблемот со дотурот на топла вода е саниран со сервисирање на пумпа.

– Состојбата е многу подобрена откако е направено она што требаше во текот на летото кога претходниот директор имаше мандат – да се санира една цевка којашто ќе носи доволно дотур на вода до собите. Генерално, во овој момент нема во секое време топла вода, но има топла вода доволно за потребите на студентите, изјави Николоски.

Одговарајќи на новинарски прашања на настан на кој беше промовиранa иницијатива за субвенциониран меѓуградски превоз за редовни студенти, Николоски посочи дека се решава и проблемот со лифтовите во студентскиот дом „Пелагонија“.

– Лифтовите се санираат, во процес е едниот лифт. Функционални се два и во јануари и третиот треба да биде саниран, додаде Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот