
Студентите во „Пелагонија“ без топла вода: Кој е студентскиот стандард да живееме како глувци?
Студентите сместени во студентскиот дом „Пелагонија“ се обратија до редакцијата на „Слободен печат“ дека во женската зграда немаат топла вода во ноември, кога температурите се спуштаат и под нула. Од Студентскиот дом, пак, велат дека мајстори работат на решавање на проблемот, но бидејќи сè уште нема директор, не можат сами да ги решаваат сите проблеми.
Препорачано
-Имено, на студентските маки им нема крај. Во „Пелагонија“ во женската зграда во ноември немаме топла вода. Не знам за што плаќаме, кој е студентскиот стандард да живееме како глувци? – пишува студентка.
„Слободен печат“ контактираше со вработени во студентскиот дом, кои потврдија дека нема топла вода и дека мајстори во моментот работат на решавање на проблемот.
Според неа, не работат пумпите за вода.
Од студентскиот дом велат дека се без директор и не можат сами да ги решаваат проблемите, а немаат земено плата од септември.
-Во септември земавме плата за јули и август и толку. Одговорот барајте го во Министерството за образование и наука, зошто досега не е поставен нов директор, бидејќи ние не можеме ништо да завршиме – додаде таа.
Според вработената, во „Пелагонија“ работат околу 50-60 луѓе, а сместени се околу 1.000 студенти.