Струмичанка му плаќала на мајстор да и ја реновира куќата, измамена е за 8 илјади евра

Жена од Струмичко пријавила во полиција дека била измамена од едно лице за сума над осум илјади евра. Како што информира МВР, таа се договорила со лицето да и ја реновира куќата, му плаќала во три наврати, праќајќи му пари од странство, но откако се вратила видела дека работите не се завршени.

Случајот е пријавен вчера, во 11.20 часот во СВР Струмица.

– Триесет и шестгодишна жена од струмичко село пријавила дека била измамена од едно лице Според пријавеното, таа се договорила со лицето да работи на реновирање на нејзината куќа, по што на крајот на феврурари и почетокот на март 2024 година во три наврати, додека била во странство, му ги пратила парите.

Како што е пријавено, откако се вратила видела дека работите не се завршени, а на 22.06.2024 лицето ја известило дека нема да продолжи да работи на куќата, наведува МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот