
Страшната суша му пресуди на какаото, аналитичарите со мрачни прогнози за цената
Сушното време во областите од најпродуктивната земјоделска зона во светот доведе до злокобна перспектива за следната жетва, откако меѓубербата се покажа значително полоша од очекуваното. Фјучерсите за какаото го забележаа својот најголем пораст од декември, поради обновената загриженост за послабите прогнози за жетвата во Западна Африка следната сезона.
Препорачано
„Кризата со снабдувањето не е стивната“, изјави за Блумберг Шолом Саник, аналитичар во Фрајдберг Меркантил Груп Лтд.
Во меѓувреме, професионалните инвеститори, како што се хеџ фондовите, стануваат сè поуверени дека цените на какаото ќе растат дополнително. Менаџерите на фондови ги зголемија своите нето облози на тринеделен максимум во неделата што заврши на 5 август, според податоците од Комисијата за тргување со фјучерси на стоки.
„Тоа сигурно значи дека фондовите се уште се оптимисти“, рече Саник.
Залихи во американските пристаништа и тарифите на Трамп Залихите од какао што се чуваат во американските пристаништа се намалија за 13.074 вреќи на 8 август во однос на претходниот ден. Во меѓувреме, увозот од Брегот на Слоновата Коска, Гана, Бразил и Еквадор ќе биде оптоварен со тарифи од САД, речеаналитичарот Мајкл Мекдугал.
„Значи, цената на какаото за американските преработувачи ќе биде повисока“, рече тој, објави То Вима.