
Страшната несреќа го зеде прерано, но ќе остане запаметен како „музичкиот гениј“: Денеска се навршуваат 8 години без Зоран Маџиров
Зоран Маџиров е роден на 14 јануари 1968, тој беше истакнат македонски музичар. Пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните го добил од својот татко. Потоа започнал да учи пијано, труби и удиралки.
Препорачано
Заминал во Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн, а потоа настапувал и низ Европа.
Маџиров го осмислил и концептот на соло-перкусионист, свирејќи ги делата на класични композитори, од калибарот на Игор Стравински и Моцарт. Настапил на Скопскиот фестивал 2000 година, каде ја воодушевил домашната публика со своето виртуозно свирење на шишиња, чаши и останати необични инструменти.
На 25 август 2000 година со својот квартет настапил на кумановскиот Летен џез фестивал.
За Музичката и касетна продукција при Македонска радио-телевизија кон крајот на 2000 година го објавува својот прв домашен компакт-диск „Дома“.
На денешен ден во 2017 година, по седуммесечна борба со повредите од стравотната сообраќајка кај Радовиш, познатиот музичар Зоран Маџиров почина на 49 години.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5