Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Странците ја збогатија бугарската зимска сезона

Зголемување на приходите од странци за близу 40 отсто за јануари и февруари во однос на истиот период лани, јавува Единствениот туристички информативен систем. Иако скијачката сезона сè уште не е официјално завршена, таа ги надмина нивоата пред пандемијата за 8,7 отсто.

Постигнатиот раст во однос на минатата сезона е 24 отсто и е најсилен во последните 4 зимски сезони.

„Прогнозата е дека и на лето ќе имаме раст од 8 отсто во однос на 2019 година, т.е. Очекуваме ова да биде нашето најсилно лето досега. Една од моите главни задачи беше да ја вратам нормалноста. Па, веќе не зборуваме за закрепнување, туку за раст“, ги коментираше резултатите министерот за туризам Илин Димитров, цитиран од прес-центарот на Министерството, објави БГНЕС.

Приходите од влезниот туризам ги вклучуваат и приходите од странски туристи кои ноќеваат и приходите од еднодневните странски туристи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот